Францускиот шампион Пари Сен Жермен е заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Вилијам Салиба, пренесуваат медиумите од Франција.
Парижаните се надеваат дека ќе го убедат 21-годишниот Французин да се приклучи на тимот. Договорот на дефанзивецот со „Топџиите“ истекува следното лето. Арсенал, пак, има опција да го продолжи договорот на една година, но клубот допрва треба да преговара со играчот за тоа.
Сезонава Вилијам Салиба има 2 гола и 1 асистенција на 17 натпревари за лондончани во сите натпреварувања.