Менаџерот на фудбалерите на Лестер, Клод Пуел, ги негираше шпекулациите дека клубот може да го замени Адриен Силва со играчот од средниот ред на Монако, Јури Тимелманс, објавија денеска медиумите во Англија.
Според француските медиуми, пак, тренерот на екипата од „кнежевството“, Леонардо Жардим, инсистира да се направи таков договор и да го добие потписот на Силва. Неговиот тим се наоѓа во незавидна позиција на табелата и до крајот на сезоната ќе се бори за опстанок. Сепак, Пуел е категоричен дека не сака да се раздели со Силва.
„Тимелманс е добар играч, но, ние го имаме Силва. Јас сум среќен што имам таков играч во екипата. Неговите карактеристики се разликуваат од другите играчи и мислам дека можеме да напредуваме во иднина. Нашиот тим има потреба од рамнотежа на сите позиции” – изјави Клод Пуел за „А Бола”.