Поранешниот капитен на фудбалскиот состав Барселона, Карлос Пујол, се осврна на вчерашната ситуација кога фановите бесни по поразот од Реал Мадрид го заобиколија автомобилот на тренерот, Роналд Куман и побараа да го напушти тимот.
Некогашниот централен дефанзивец открива дека тој се соочил со истата сцена на излегување од „Камп Ноу“ и дека тоа биле лоши моменти кои засекогаш ќе ги памети.
„Вистина е дека се исплашив, тие луѓе не се вистинските навивачи на Барселона“ – жестоко го осуди вчерашниот инцидент легендарниот Пујол.

