Селекторот на фудбалерите на САД, Маурисио Покетино, пред пријателскиот натпревар со Мексико, се определи да направи одредени промени во составот.
Тој ги ослободи од обврските Вестон Мекени поради повреда и напаѓачот на Милан, Кристијан Пулишиќ, поради замор. Искусниот играч од нападот доби дозвола да се врати во Италија и да продолжи со активностите кај „росонерите“.
Покетино претходно потенцираше дека Пулиш е истоштен и дека одиграл премногу натпревари од почетокот на сезоната.

