Фудбалерот, Кристијан Пулишиќ, до крајот на денов треба да биде претставен како засилување за Милан.
Тој дојде во Италија од англискиот состав Челзи за сума од 20 милиони евра која ќе се зголеми со дополнителни бонуси.
Американецот кој ќе потпише до 2027 година е вториот играч на „сините“ по Рубен Лофтус-Чик кој во текот на летово го засил тимот на Стефано Пиоли. „Росонерите“ успеаја претходно да ги ангажираат и Марко Спортиело и Лука Ромеро.