Играчот од средниот ред на Милан, Кристијан Пулишиќ ги оцени шансите на Росонерите да го освојат италијанското првенство оваа сезона.
„Ние сме самоуверени. Имаме силни играчи, пристигнаа квалитетни играчи. Клубот има одлична комбинација на таленти. Можеме да дојдеме до титулата, само треба да продолжиме да работиме и да покажеме ваков настап. Почнавме одлично. Знам дека ќе дадеме се од себе. Сакам да победувам, бидејќи на крајот тоа е најважно“, изјави Пулишиќ за „Газета дело Спорт“.
По три одиграни кола во Серија А, Милан со девет освоени бодови се наоѓа на второто место на табелата зад Интер кој има подобра гол разлика. Да потсетиме, овој викенд не очекува дербито на Милано кое е на програмата во сабота на 16 септември. Мечот е закажан со почеток во 18 часот, а официјално Интер е домаќин на оваа средба.