Кристијан Пулишиќ се опорави од повредата и ќе му биде на располагање на тренерот Франк Лампард за утрешниот натпревар против Кристал Палас во новото коло во Премиер лигата на Англија.
Фудбалерот на Челзи нема играно од месец август кога се здоби со повреда во финалето на ФА купот против тимот на Арсенал. Летното засилување, пак, Хаким Зијеч сè уште не е подготвен за настап. Тоа го нагласи и тренерот Лампард кој верува дека неговите избраници ќе дојдат до полн погодок.
„Имаме одличен тим. Ќе видиме како ќе се развиваат работите во наредните денови. Ние се фокусираме на утрешниот натпревар“ рече Лампард.

