Фудбалерот на Челзи, Кристијан Пулишиќ, не е задоволен од перформансите на тимот и затоа апелира до соиграчите максимално да се насочат кон наредните предизвици.
„Се наоѓаме во тежок период. Тоа може да му се случи на секого. Сега треба да работиме“ – вели фудбалерот на „сините“.
„Нема да биде лесно, но, мора да покажеме карактер. Ни претстојат значајни натпревари кои мора да ги добиеме за да влеземе во добра серија” – потенцираше Пулишиќ.

