Таткото на фудбалерот на Борусија (Д), Кристијан Пулишиќ,изјави дека неговиот син и следната сезона останува во Германија. Тој потенцирал дека нема ништо вистинито во најавата дека неговиот син ќе ја напушти Борусија.
„Прво Кристијан го испратија во Тотенхем, па сега во Ливерпул. Сето тоа е глупост. Нашиот агент постојано е со нас и ние само сакаме да го направиме вистинскиот чекор за неговата кариера. Во моментов Кристијан е играч на Борусија и тој не планира да го промени клубот ова лето“, изјавил неговиот татко Марк.