Во пресрет на натпреварот меѓу Лацио и Милан во осминафиналето од Купот на Италија, Масимилијано Алегри најави дека очекува неверојатна атмосфера во Рим, што само по себе треба да донесе голем дерби натпревар.
„Ќе не пречека одлична атмосфера, како и секогаш, во Рим. Играме против Лацио во осминафиналето на Купот на Италија, а тоа е важна цел за двата тима. Ќе биде одличен натпревар против тежок тим, каков што видовме и во саботата“, потенцира Алегри.
„Купот на Италија не го интересира никого до осминафиналето. Штом натпреварувањето почне да напредува, сите со право се заинтересирани за купот. Ќе мора да бидеме добри. Нема да биде лесно бидејќи играме на гости. Нема да има ниту продолженија, па ќе мора да ги искористиме максимално 90-те минути што ги имаме, против тим кој има иста цел како нас“, дополни стратегот на „росонерите“.
Алегри напомена дека Пулишиќ ќе биде во составот, но Фофана нема да биде на располагање за мечот вечерва.

