Претседателот на фудбалската федерација, Муамед Сејдини, заедно со градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, луѓето од Општина Чаир и видни политичари, денеска ја пуштија во употреба новата трибина на стадионот во Чаир.
Таа беше изградена со средства на ФФМ преку УЕФА Хет-трик програмата и со поддршка од општината Чаир.
Свечениот чин беше пред мечот меѓу Шкупи и Борец кој му припадна на домаќинот со сигурни 3 спрема 0.