Адриен Рабио е подготвен да го продолжи договорот со Јувентус, но само под услов да му се зголеми платата.
Моментално, 27-годишниот играч за врска на француската репрезентација заработува 7 милиони евра годишно плус 2 милиони бонуси, додека неговата мајка и агент бараат зголемување на платата на 10 милиони по сезона.
На крајот на оваа сезона Рабио може да стане слободен агент. Два клуба од Премиер лигата веќе изразија интерес да го ангажираат бесплатно во летото 2023 година, па Јувентус бара начин како да го задржи во тимот со нов договор.