Медиумите во Италија тврдат дека Адриен Рабио одлучил да го продолжи договорот со Јувентус, подготвен да добие значително помалку пари од тоа што му нуди Манчестер Јунајтед. Французинот ќе биде слободен играч кога ќе му истече актуелниот договор на 30 јуни и за него имаше понуди од неколку клубови, пред се од Јунајтед, кој исто така го посакуваше и минатото лето.
Според Скај Спорт Италија, Рабио внимава на деталите кога е во прашање новиот договор, па по се изгледа то ќе биде нов едногодишен договор со истата плата што ја добива во моментов, а таа е значително помала од онаа што Манчестер Јунајтед сакаше да ја понуди.
Сепак, Рабио има силна доверба во тренерот Макс Алегри, па веројатно и поради него сака да остане во Торино. Се очекува веќе во среда да биде објавен новиот договор.