Поранешниот фудбалер на ПСЖ, Адриен Рабио, иако замина со големи очекувања во редовите на италијанскиот шампион Јувентус, очигледно не го доби тоа што го посакуваше барем на стартот на сезоната.
Тренерот на „старата дама“, Маурицио Сари, ги форсира во средината на теренот Кедира, Пјаниќ и Матуиди додека на Рабио му дозволи да одигра само 27 минути.
24-годишниот Французин кој долго чекаше да прејде во редовите на Јувентус, сега треба да се надева дека во продолжение од сезоната ќе се наметне за првата постава и дека ќе добие поголема минутажа.