Францускиот репрезентативец во дресот на Јувентус, Адриен Рабио, го обвини судијата за поразот од Интер во дербито на Серија А синоќа.
„Одличен натпревар, честитки за сите. Штета за резултатот, но тешко е да се одигра 11 против 12“, напиша играчот од средниот ред на својот Инстаграм профил.
„Погодивме греда и веројатно моравме да добиеме пенал. Вечерва судијата го реши натпреварот. Мислам дека прекршокот врз Денис Закарија беше во шеснаесетникот. Ова беше важен момент, кој, за жал, го промени текот на натпреварот“, изјави Рабио по средбата.