Екипите на Манчестер Јунајтед и на Њукасл остануваат во комбинација за ангажирање на фудбалерот, Адријан Рабио, кој по заминувањето од италијанскиот Јувентус, нема обезбедно нов состав.
Според одредени наводи, единствен проблем за двата тима е превисоката плата што ја бара играчот од средниот ред кој има отворена понуда и од Галатасарај.
Англиските медиуми наведуваат дека Рабио може да биде добра инвестиција за „црвените ѓаволи“ кои останаа без неколку играчи од средниот ред.

