Фудбалскиот репрезентативец на Франција, Адриен Рабиот, кој не го продолжи договорот со Јувентус, бил трансферна цел на градските ривали од Мадрид, Реал и Атлетико но, тие се откажале во последен момент.
Весникот „АС“ наведе дека „кралевите“ одлучиле да го затворат преодниот рок додека „јорганџиите“ не сакале да ја покријат неговата висока плата.
Сега Рабиот се споменува како можно засилување за неколку екипи од Англија но, нема ништо конкретно.

