Македонскиот фудбалски прволигаш, Работнички, објави ново засилување во своите редови по стартот на сезоната. Новиот фудбалер во работнички пристигнува од Јамајка, од клубот Вотерхаус.
Се работи за 22-годишниот Ревалдо Мичел, кој настапува на позицијата лево крило и се очекува квалитетно да ја збогати ротацијата во средниот ред на Работнички. За Мичел ова ќе биде прв ангажман во Европа.
Работнички неодамна потпиша договори со уште три засилувања за новата сезона, а тоа се Лука Робакидзе, Стефан Лазаревиќ и Михаил Димитриевски.
Екипата на Работнички на стартот на сезоната во првото коло на домашен терен беше подобар од Силекс со 1:0.

