Македонскиот прволигаш Работнички доведе уште едно засилување за новата сезона. Нов фудбалер на „романтичарите“ е Шафик Кагиму.
Станува збор за 24-годишен фудбалер од Уганда кој потпиша двегодишен договор со Работнички. Тој во Скопје доаѓа од шампионот на Кенија, Гор Махиа Најроби и игра на позицијата централен играч за врска.
Работнички ќе биде негов прв клуб на европско тло, а за репрезентацијата на Уганда има одиграно 18 натпревари.