Кошаркаркиот клуб Работнички апелира до Комесарот за натпревари во КФСМ да ги почитува правилата и да одреди санкции за екипата на Пелистер поради слаба организација на третиот меч од полуфиналната серија одигран во Битола.
Скопскиот тим во соопштението алудира на одредени притисоци што се случувале од страна на домаќинот врз судиите со забелешка дека за тоа постои и видео запис.
„Се повикуваме на членот 40 од Дисциплинскиот правилник дека дисциплинската комисија сама треба да донесе одлука по пријавата на делегатот и судиите кон претставникот на КК Пелистер а воедно и кон самиот клуб. До сега гледаме дека се постапува спротивно и не се казнуваат и покрај забелешката која ја има во самиот делегатски извештај кој се доставува до КФСМ и клубовите“ – стои во дел од соопштението на Работнички.

