Фудбалскиот клуб Работнички го засили тимот со пет нови фудбалери во пресрет на стартот на зимските подготовки.
Марио Станковски и Андреј Лазаров повторно се вратија во Работнички од Борец, односно Тиквеш, а нови играчи на Работнички се и Марјан Ристовски и Бурхан Мустафа кои исто така доаѓаат од Борец од Велес, додека Андреј Кировски од Силекс се сели кај „романтичарите“.
Мустафа треба да ја засили конкуренцијата на голманската позиција, додека Андреј Лазаров и Марјан Ристовски ќе бидат засиување за средниот ред, Андреј Кировски е дефанзивец, додека Марио Станковски ќе биде опција за нападот на тимот кој ќе биде предводен од новиот тренер Александар Влахо.

