Милан Илиевски веќе не е шеф на стручниот штаб на ФК Работнички. По вчерашниот пораз од Шкупи од 3-0 раководството на клубот постигна спогодбен раскин на договорот.
Клубот му се заблагодарува на Милан Илиевски за досегашната соработка и негов ангажман во клубот и му посакува среќа во понатамошната кариера.
Работнички ја информираше јавноста дека во наредните денови ќе биде донесена одлука кој ќе го предводи тимот во наредниот период.
Работнички е во лоша серија од три порази, и моментално е на разочарувачкото деветто место на табелата со само 13 бода. Во следното коло Работнички ќе има исто така тешка задача, на домашен терен го пречекуваат Силекс.