Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Работнички во Словенија ќе игра со Трабзонспор и Ал-Етифак
    Фудбал

    Работнички во Словенија ќе игра со Трабзонспор и Ал-Етифак

    sasoBy saso15/07/2023No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    ФК Работнички утре заминува на подготовки во Терме Чатеж, Словенија. Таму ќе одигра четири пријателски натпревари. Двата последни теста се против најзвучни ривали, турскиот прволигаш Трабзонспор и саудискиот клуб Ал Етифак, чиј тренер е Стивен Џерард.

    Првиот тест во Словенија, Работнички ќе го има против Аждод (Израел) на 19 јули. Три дена подоцна тимот ќе одигра пријателски меч против словенечкиот второлигаш Бриње.

    На 25 јули, противник на Работнички ќе биде турскиот прволигаш Трабзонспор, чиј член е македонскиот репрезентативец Енис Барди.

    Генералната проверка на Работнички пред почетокот на новата сезона ќе биде против саудискиот клуб Ал Етифак, на чија клупа наодамна седна англиската легенда Стивен Џерард, а во тимот настапува македонскиот репрезнетативец и поранешен играч на Работнички, Дарко Велковски.

    На 29 јули, Работнички ќе ги заокружи летните подготовки во Терме Чатеж и ќе се врати во Македонија.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.