Италијанскиот тим Милан официјално го објави своето второ летно засилување, тоа е играчот од средниот ред Раде Круниќ, кој пристигнува од Емполи. Се претпоставува дека износот на трансферот е 8 милиони евра, а договорот на играчот е за наредните пет сезони.
Минатата сезона Круниќ одигра 33 натпревари, а притоа постигна 5 гола и 7 асистенции во Серија „А“. Беше познато дека веќе неколку недели дека 25-годишниот интернационалец од Босна и Херцеговина, но до денес не беше потврдено неговото доаѓање во Милан. Денес, италијанските медиуми дури објавија дека Круниќ неколку дена е во Милано и тренира со екипата.
Пред него Милан го објави трансферот на Тео Хернандез, кој пристигна на „Сан Сиро“ за 20 милиони евра од Реал Мадрид. Се очекува уште еден играч на Емоли, Исмаил Бенасер, да го облече дресот на Милан, но тој моментно е со својата репрезентација Алжир дел од Купот на нациите во Африка.