Фудбалерот на Шкендија, Марјан Радески сепак, нема да може да настапи за својата екипа во второто квалификациско коло од Лигата на шампионите против Шериф Тираспол од Молдавија.
Младиот напагач доби незгодна повреда на коленото на реванш-дуелот во Велс со ТНС и по дополнителните прегледи, од лекарскиот тим на тетовчани информираа дека Радески нема да биде подготвен за двомечот со молдавскиот шампион. Ова ќе биде голем хендикеп за Шкендија, ако се знае дека радевски е еден од клучните играчи во нападот на овој тим.
Шкендија во првото коло го елиминира велшкиот шампион ТНС, откако најнапред во Скопје славеше со 5:0, а во Велс загуби со 4:0. Шкендија својот прв натпревар против Шериф го игра во Скопје на 24 јули, додека реваншот е закажан за 31 јули во Молдавија.