Селекторот на Романија, Мирел Радои, во пресрет на денешниот меч со нашата фудбалска репрезентација, вели дека Македонија е многу добра селекција, со одлични индивидуалци.
„Македонија е многу добра во поседот, со доаѓањето на новиот селектор. Тие имаат индивидуалци како Елмас, Барди, но секој од нив се става во служба на тимот. Ќе ни биде многу потешко отколку во Букурешт, тие ќе бидат поопасни. Секој играч сака да докаже дека заслужува да биде стартер. Променија четири системи во последните шест натпревари, а утре можат да се појават и во систем 4-3-3“, рече Мирел Радои.