Раџа Наинголан го објави крајот на својата кариера во репрезентацијата на Белгија, откако пред неколку часа стана јасно дека нема да биде дел од Светското првенство.
30-годишниот играч од средниот ред на Рома не се најде на списокот на селекторот Роберто Мартинез.
„За жал, мојата кариера во белгискиот национален тим заврши. Отсекогаш сум давал сѐ од себе за мојата земја. Но, да бидете вака омаловажени од некои луѓе, е тоа ми падна тешко. Отсега натаму, ќе бидам обожавател број 1на белгискиот национален тим”, напиша Наинголан на Инстаграм.