Шпанецот Рафаел Надал успеа да го совлада Данил Медведев од Русија со 2 спрема 0 по сетови 6:3 и 6:0 и да го освои „Роџерс купот“ во Монтреал кој е дел од Мастерс серијата 1000 на светската тениска асоцијација.
Надал го искористи отсуството на неговите главни конкуренти, Ѓоковиќ и Федерер и успеа по петти пат да го подигне победничкиот пехар. Претходно тоа го направи и во 2005, 2008, 2013 и во 2018 година.
Надал со триумфот во Канада го обезбеди 35-ти трофеј од Мастерс серијата и се проби на второто место на АТП листата веднаш зад лидерот Новак Ѓоковиќ (Србија). На третото место падна Швајцарецот, Роџер Федерер