Фудбалерот на Барселона, Рафиња Алкантара, претрпе операција на коленото и ќе биде надвор од теренот до крајот на сезоната, објави раководството на шпанскиот фудбалски шампион.
25-годишниот Бразилец заработи потешка повреда на левото колено на гостувањето кај Атлетико (Мадрид) на 24 ноември. Рафина кој денеска беше опериран од познатиот специјалист, Рамон Кугат, најверојатно ќе се рехабилитира во период од околу шест месеци. Бразилецот кој имаше проблеми со коленото и во 2015 и во 2017 година, сега по трет пат се соочува со посеризна повреда на истиот дел од телото.
Во моментов,Барселона има проблем со повеќе повредени фудбалери. Меѓу нив се вбројуваат и Семјуел Јумтити, Луис Суарез, Сержи Роберто, Артур Мело и Томас Вермален.