Екипата на ПСЖ денеска ќе и биде домаќин на Барселона во меч од третото коло во групната фаза во Лигата на фудбалските шампиони.
Шпанскиот тим ќе биде без повредените дефанзивци, Жил Кунде и Ерик Гарсија, додека Рафиња ќе му биде на располагање на тренерот Ханси Флик.
„Имаме опции. Родри и Френки можат да играат. Жил ќе се врати наскоро, можеби ќе биде подготвен за викендот. Рафиња ќе игра“ – рече Флик.

