Новите сопственици на фудбалскиот состав Челзи забрзано работат на засилување на тимот за наредната сезона.
Последните информации најавуваат дека „сините“ го обезбедиле потписот на Рафиња од Лидс кој за 65 милиони евра и плус 10 како бонуси ќе се пресели на „Стемфорд Бриџ“.
Иако имаше шпекулации дека Бразилецот ќе замине во Арсенал, сепак понудата на Челзи била многу подобра и веднаш била прифатена од Лидс.