Бразилецот Марсио Рафаел – Рафиња ќе ја продолжи својата кариера во својата татковина. 33-годишниот фудбалер ќе настапува за Фламенго во следните две сезони со слободен трансфер од Баерн Минхен.
Рафиња ја напушти „Алианц Арена“ по осум години во германскиот шампион откако му истече неговиот договор и тој не доби понуда за негово обновување.
Во последната сезона Бразилецот постигна 1 гол и 2 асистенции на 26 натпревари за баварцскиот тим.