Изминатите денови се пишуваше и шпекулираше дека Реал Мадрид има интерес за еден од најдобрите фудбалери на Манчестер Сити, но сепак Рахим Стерлинг ќе му остане верен на својот сегашен клуб до 2025 година.
Веќе завршиле преговорите околу новиот договор на Англичанецот, па постои согласност за неделна плата од 400.000 фунти. Рахим Стерлинг и Манчестер Сити имаат потпишан договор до 30 јуни 2023 година, но со новиот договор, исклучена е можноста 25-годишниот напаѓач да си замине од „Итихад“ порано од ова.
Сезонава која е во прекин Стерлинг ја игра во одлична форма, одигра 24 натпревари во Премиерлигата и постигна 11 гола. Според одредени извори, крилниот фудбалер на англиската репрезентација во моментов има вредност околу 150 милиони евра.

