Агентот на Златан Ибрахимовиќ, Мино Раиола, потврди дека тие ги чекаат понудите од Милан за да видат дали има можност Ибра да се врати во Италија.
37-годишниот ветеран во моментов блеска со тимот на Лос Анџелес Галакси во МЛС лигата, па се појавија инфомации дека Ибракадабра би можел д аму помогне на Милан во еден дел од оваа сезона.
Меѓу 2010 и 2012 година, Ибрахимовиќ постигна 42 гола за Милан, а неодамна спортскиот директор Леонардо потврди дека мали се шансите да го вратат Швеѓанецот во тимот.

