Мино Раиола кој е агент задолжен за трансфери на дел од големите фудбалски ѕвезди, во последното интервју наведе дека Јувентус требало да го купи Златан Ибрахимовиќ, за да му биде партнер во нападот на Кристијано Роналдо.
„Јувентус требаше да го обезбеди потписот на Златан“ – потенцираше за „Туто Спорт“ контроверзниот агент задолжен за трансфери кој откри дека Пол Погба најверојатно ќе го напушти Манчестер Јунајтед.
Ибрахимовиќ откако ги напушти САД се определи да се врати во Серија „А“ во дресот на Милан и најверојатно таму и ќе ја заврши кариерата.

