Давид Раја го израмни рекордот за најмногу натпревари без примен гол за Арсенал во една сезона во Премиер лигата.
Во натпреварот против Барнли во 37-мо коло, голманот не прими гол по 19-ти пат. Екипата на Микел Артета победи со 1-0.
Само Дејвид Симан успеал да одигра 19 натпревари во Премиер лигата без да прими гол за Арсенал, постигнувајќи го овој подвиг двапати: во сезоните 1993-94 и 1998-99.
Во последното коло, кога „топчиите“ ќе се сретнат со Кристал Палас, Раја би можел да го собори и неговиот рекорд.

