Мино Рајола , агентот на шведскиот напаѓач Златан Ибрахимовиќ , зборуваше за иднината на клиентот.
„Никој не рече дека Златан дефинитивно ќе се врати во Италија. Кој знае кој клуб ќе го избере. Сите сме слободни луѓе. Што се однесува до можното завршување на кариерата, јас нема да исклучам ништо, но тоа е малку веројатно да се случи. Ибрахимовиќ е сè уште многу добар. Каде би сакал да ја продолжи кариера? Далеку, за да престане да ми пречи“, рече Рајола во интервјуто за „Газета дело Спорт“.
Последниот клуб на Златан Ибрахимовиќ беше Лос Анџелес Галакси. Тој реши да не ја продолжи соработката со овој клуб. На 1 јануари 2020 година, 38-годишниот напаѓач и официјално ќе стане слободен агент.