Милан продолжува со преговорите за продолжување на договорот со голманот Џанлуиџи Донарума, но двете страни се уште не постигнале договор.
Росоњерите се подготвени да ја зголемат платата на 21-годишниот Италијански репрезентативец на 8 милиони евра, пренесува „Кориере дела Сера“, но истовремено агентот на голманот Мино Рајола инсистира на тоа дека новиот договор треба да вклучува откупна клаузула во висина од 30 милиони евра, што се разбира, една од точките на преговори меѓу двете страни.
Актуелниот договор на Донарума истекува во летото 2021 година.
