Деклан Рајс сè уште претпочита преселба во Арсенал пред Манчестер Сити, и покрај тоа што шампионот влезе во трка за неговиот потпис. Според весникот „Сан“, Сити сериозно влезе во борба за Рајс, но фудбалерот го гледа Арсенал како вистински избор за себе.
Капитенот на „чеканите“ сака да остане во Лондон и е отворен за преселба во „топчиите“ откако стана свесен за интересот на клубот од северен Лондон. Тој е многу приврзан за своето семејство и ќе направи се за да остане со нив.