Фудбалерот на Арсенал, Деклан Рајс на прес-конференцијата пред утрешниот меч со Македонија призна дека утре очекува една поинаква Македонија како противник во последниот меч од квалификациите.
„На никого, ништо не му е гарантирано. Мора да го извлечеме најдобро од себе. На СП имавме 26, на ЕП ќе имаме 23 играчи и мора да сме врвни. Немаме пораз од Светското првенство, сакаме да го продолжиме тоа и овде. Во Манчестер квалитетот на Македонија не беше на нивото, но тоа не е толку едноставно, може лесно да се сменат работите и ривалот да биде повеќе подготвен затоа што сигурно ќе го сака тоа, а ние мора да сме спремни. Ќе се обидеме да го подигнеме нивото на играта од претходниот дуел со Малта затоа што сакаме годината да ја завршиме со победа, но мора да сме и ментално подготвени за овој меч“, изјави Рајс.