Фудбалерот на Хрватска, Иван Ракитиќ, имал мотивациски говор пред пенал-рулетот на мечот со Данска во рамките на осминафиналето на Мундијалот во Русија.
Тоа се случило веднаш откако Лука Модриќ не искористи пенал во продолженијата два пати по 15. минути. Затоа пред последниот чин, Ракитиќ ги собрал фудбалерите и им се обратил:Лука нѐ спасил многупати досега. Сега е наш ред да го спасиме него.
Потоа играчот на Барселона успеа да го реализира одлучувачкиот пенал за Хрватска и да ја однесе неговата селекција во четвртфиналето.