Фудбалерот на Барселона, Иван Ракитиќ, по вчерашниот триумф на гостувањето кај Тотенхем во 2. коло од Лигата на шампионите истакна дека е восхитен од тоа што го постигна јубилејниот 600-ти гол за Барселона во Лигата на шампионите.
Ова значи дека Барселона е само третиот европски тим, по Реал (М) и Баерн (М) кој има постигнато повеќе од 600 голови во ЛШ. Реал и натаму е лидер со 945, додека Баерн (М) е на второто место со 668 погодоци.
„Да го постигнам овој јубилеен гол на Вембли е многу посебно чувство”, вели Хрватот.