Фудбалерот на Севилја, Иван Ракитиќ, не ја криеше радоста по вчерашната победа против Рома во финалето на Лига Европа.
Тимот од Пирините ја совлада „волчицата“ од Рим дури по изведувањето на пенали и успеа да стигне до 7 трофејот во исто толку финалиња.
„Понекогаш во кариерата имате посебни моменти. На 35 години да се игра ваков натпревар е неверојатно. Мило ми е што трофејот e повторно наш“ – вели играчот на шпанскиот состав.

