очекувања од финалето на Лигата на Европа против Рома. Римјаните во полуфиналето го победија Баер (Леверкузен) (1:0; 0:0), а Севиља се покажа посилна од Јувентус (1:1; 2:1 по продолженија).
„Вложивме многу труд. Оние кои ги гледаа натпреварите без да бидат навивачи на Севиља беа малку. Рома е силен противник, но ние исфрливме одлични тимови, докажувајќи дека можеме да играме против секого“, изјави вториот капитен на Андалузијците.
Финалето на Лига Европа ќе се одигра на 31 мај на „Пушкаш Арената“ во Будимпешта. Севиља ќе брка рекорден седми трофеј на турнирот, кој Рома досега го нема освоено.