Играчот од средниот ред на Барселона, Иван Ракитиќ, призна дека сака да остане во тимот. 31-годишниот хрватски репрезентативец има договор со Каталонците до 30 јуни 2021 година.
„Заслуживме да ја освоиме титулата. Толку сум среќен што сум во Барселона. Живеам за овој клуб. Во моментов можам да кажам дека сме договорени за уште две години, но ќе останам мирен и ќе го чекам летото. Не сум разговарал со никој, се надевам дека претставниците на клубот наскоро ќе дојдат кај мене со вести за нов договор”, рече Ракитиќ.
Во оваа сезона Ракитиќ одигра 49 натпревари за Барселона, постигна 5 гола и имаше 9 асистенции.