Хрватскиот фудбалски репрезентативец, Иван Ракитиќ, откако ја загуби довербата кај тренерот на Барселона, Ернесто Валверде, вели дека ќе се насочи кон враќање на првотимскиот статус.
„Ги разбирам и целосно ги почитувам одлуките на тренерот. Дадов многу за клубот во изминатите неколку години и сакам така да продолжам. Чувствувам дека можам многу повеќе“ – вели Ракитиќ во дел од интервјуто кое ќе биде комплетно објавено на телевизијата -„Мовистар“.
„Ми го одземаа тоа што најмногу го сакам. Ми ја одземаа топката и затоа многу сум тажен“ – вели Ракитиќ кој до претходната сезона речиси во континуитет беше во првата постава на Каталонците.