Хрватскиот фудбалер во редовите на Барселона Иван Ракитиќ побрза да ги демантира информациите околу својата иднина и најави дека себе се гледа само и единствено на „Ноу Камп”.
Во последните денови тој е поврзуван со ПСЖ, Баерн (Минхен) и Интер. Се почесто се зборува дека во текот на летото играчот ќе си замине од Барселона, но искусниот фудбалер објави дека нема такво нешто.
„Имам уште три години до крајот на договорот со Барселона и мојата желба е да си го исполнам договорот и да останам тука во текот на овој период”, изјави Ракитиќ на новинарите по победата со 4:2 над Севиља.
„Нема зошто да не бидам горд што големи тимови ме сакаат, ако навистина ме сакаат. Тоа ме прави среќен и е добра оценка за мојата работа на теренот. Јас сепак се гледам себеси само и единствено на „Камп Ноу” и немам никаква намера да го напуштам тимот, а гласините дека ќе си заминам, ме тераат да се смеам кога ги читам шпекулациите додека го пијам утринското кафе” заврши Ракитиќ.