Играчот од средниот ред на Барселона, Иван Ракитиќ нема да го напушти клубот до затворањето на летниот преоден рок, вели весникот „Марка“.
Оваа недела Јувентус се обиде да го добие 31-годишниот Хрват, но раководството на Барселона ја одби понудата. Претходно ова лето, Манчестер Јунајтед и ПСЖ исто така се обидоа да дојдат до овој фудбакер.
Ракитиќ не е заинтересиран за промена на клубот. Играчот од средниот ред има намера да го одработи договорот со Барселона, кој е со важност до 30 јуни 2021 година. Иван ракитиќ игра за каталонскиот тим од 2014 година.
Минатата сезона тој постигна 5 голови и имаше 10 асистенции на 54 натпревари во сите натпреварувања на клупско ниво. Во 2. коло од шпанската Ла Лига, Барселона ќе се сретне со Бетис. Натпреварот ќе се одигра во Барселона на стадионот „Камп Ноу“ на 25 август.