Хрватскиот играч за врска во Севиља Иван Ракитиќ зборуваше во пресрет на финалето од Лигата на Европа со Рома.
„Тренерот уште од самиот почеток јасно стави до знаење што сака. Вечерва нема ништо да се промени. Мора да бидеме свои. Кога велат дека никој не го сака овој турнир како нас, тоа не е затоа што тоа го кажала некоја блескава глава во клупската канцеларија. Ние навистина така мислиме. Мораме да одиграме совршен натпревар, да го освоиме купот и да го вратиме дома“, изјави Ракитиќ за прес-службата на УЕФА.
Финалниот натпревар од вториот најважен европски куп ќе се одржи денеска, 31 мај, а ќе започне во 21 часот.
Севиља е најтрофејниот тим во ова натпреварување, досега го има освоено шест пати (2006, 2007, 2014, 2015, 2016, 2020 година). Шпанскиот тим никогаш не загубил во финалето на Лига Европа.

