Вториот капитен на Хрватска Иван Ракитиќ е апсолутен рекордер во светот според бројот на одиграни натпревари во сезоната 2017/2018.
Финалето на СП 2018 во неделата, кое Хрватите го играат против Франција ќе биде дуел број 71 за 30-годишната ѕвезда на Барселона во оваа сезона. Во полуфиналето на Светското првенство играчот на Хрватска се израмни со Вилиан од Челзи и Бразил, кој има 70 натпревари за клубот и националниот тим досега, но во недела Ракитиќ самостојно ќе ја предводи оваа листа.
Ракитиќ има 55 натпревари за Барселона, а со настапот во финалет ќе ја заврши сезоната со вкупната бројка од 71 одигран натпревар, а ова ќе биде негов 16-ти натпревар за селекцијата на Хрватска оваа сезона. Неговиот партнер во средината на теренот во хрватската селекција Лука Модриќ ќе заврши со „само” 59 натпревари – 43 за Реал Мадрид и уште 16 за Хрватска.